Дома Фудбал Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во Италија.

Шампионот на Шпанија бара универзален одбранбен играч со способност да игра на двата краја. 26-годишниот Италијанец, кој долго време е следен од страна на каталонците поради стилот на својата игра, одговара на сите критериуми на Барса.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Договорот со Јувентус му е до 30 јуни 2029 година. Камбијазо се смета за клучен играч на тимот по назначувањето на тренерот Лучано Спалети, додава БТА.

Сепак, “Бјанконерите” го оценуваат на повеќе од 50 милиони евра и понуди за помалку нема да бидат разгледани од страна на управата. Ова сигурно ќе претставува проблем за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европски гигант подготвен да плати „солено“ за Страхиња Павловиќ!

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и с…