
Тимот на Барселона тешко го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 како домаќин во натпревар од Ла Лига, со што ќе ја задржи лидерската позиција.
Натпреварот се претвори во повторување на средбата на Каталонците против Алавес пред неколку дена, кога повторно примија ран гол, но потоа успеаја да направат пресврт, со тоа што третиот гол падна во продолжението. Овој пат Алекс Баена беше прецизен за гостите во 19-тата минута, но само шест подоцна Рафиња израмни.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Во 36-тата минута Роберт Левандовски промаши пенал, но потоа Дани Олмо сепак постигна втор гол за Барса во 65-тата. Феран Торес го постигна третиот во финалните секунди, откако претходно Антоан Гризман промаши да израмни.
Овој дуел меѓу Барса и Атлети беше поместен од 19-тото коло, како што ќе биде и оној меѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид во среда вечер. По правило, конкретното коло е закажано за јануари, но тогаш овие четири екипи ќе бидат во Саудиска Арабија, каде што ќе се натпреваруваат за Суперкупот на Шпанија.