
Шпанскиот гигант Барселона веќе извесно време бара замена за Роберт Левандовски, бидејќи Полјакот ќе остане без договор летово и е подготвен за заминување.
Заминувањето на Роберт Левандовски веќе подолго време е главна тема во разговорите околу клубот од Камп Ноу. Феран Торес сезонава изгледа одлично. Шпанецот сè повеќе игра пред Полјакот, но и понатаму ќе му треба рамноправен партнер. Според последните информации, Барселона се насочува кон Душан Влаховиќ, но…
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Потенцијалниот трансфер на Влаховиќ во многу аспекти не ја убедува управата на Камп Ноу. Првенствено, проблем може да биде цената. И додека самиот трансфер би можел да се оствари без отштета, платата е проблем.
Иако договорот на Србинот со Јувентус истекува на 30-ти јуни, неговата плата од 12 милиони евра нето годишно не е нешто што би можеле лесно да го решат Каталонците.
Статистиката на Влаховиќ сезонава исто така не е импресивна. Србинот постигна само шест гола на 17 службени настапи за Јувентус. Освен тоа, напаѓачот се повреди на првенствената средба против Каљари, што значи дека во моментов е вон теренот.
Ниту самиот Влаховиќ не е уверен во трансферот во Барселона. Наводно, Србинот е близу до постигнување договор со Милан. Токму тој италијански клуб во последно време покажа најголема решителност за доведување на напаѓачот.