Дома Фудбал Барселона – еден од најголемите губитници ова лето!

Барселона – еден од најголемите губитници ова лето!

Фудбалскиот клуб Барселона зад себе остави уште едно лето кое не помина според очекувањата.

Во Барселона пристигнаа Жоан Гарсија, можеби најважното засилување во последниве години, Маркус Рашфорд и Рони Барџи, но овие двајца офанзивни играчи ќе можат да се надеваат само на улоги во ротацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако звучи неверојатно, Барселона ова лето вложи само 27.500.000 евра, на Гарсија и Барџи, додека Рашфорд е дојден како позајмен играч без обврска за откуп.

Не се заборава дека англичанецот беше само план Ц, затоа што првите две желби на Жоан Лапорта и Деко беа Нико Вилијамс и Луис Дијаз, кои останааа недостижни.

Дополнително, Барселона доби значителен удар со заминувањето на Иниго Мартинез. Иако беше јасно дека Иниго не ќе може да ја повтори минатата, исцрпувачка сезона, неговото присуство – или сега – отсуство, ќе претставува голем удар за тимот.

Сепак, Каталонците не се губитници само поради преместувањето на играчи, туку и поради неисполнетите големи планови за следната година.

Во 2025 година беше очигледно дека Барселона нема да може значително да инвестира ова лето, бидејќи плановите се насочени кон 2026 година, кога “Камп Ноу” ќе почне да остварува профит.

Каталонски извори известуваат дека поради нестабилната финансиска состојба, Барселона била принудена да го задржи Роберт Левандовски, бидејќи не успеала да ги донесе посакуваните замени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една легенда стана дел од ФФМ!

Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германск…