
Во дербито од 19. коло на шпанската Ла Лига, Барселона и Атлетико Мадрид го одмерија силите.
Првото полувреме заврши со резултат 1:1. Атлетико прв поведе во 19. минута со голот на Алекс Баена, а Барселона изедначи седум минути подоцна преку Рафиња.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Барселона можеше да направи целосен пресврт уште до паузата. Пабло Бариос го сруши Дани Олмо во казнениот простор во 36. минута, што им даде можност на Каталонците да поведат од белата точка.
Роберт Левандовски го изведе пеналот, но тоа го направи катастрофално, испраќајќи ја топката високо над голот. Снимката од овие моменти можете да ја видите ОВДЕ.