Барселона е силно заинтересирана за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, пренесуваат англиските медиуми.
Многу европски гиганти покажуваат интерес за Адејеми, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата и веќе почнал да работи на трансферот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Дортмунд за слободата на Адејеми бара 50 милиони евра, но Барса сака како дел од трансферот да го вклучи Феран Торес, кој повеќе нема иднина на Камп Ноу.
Феран Торес пред неколку дена постигна два гола против Борусија Дортмунд, па „милионерите“ се спремни да ја прифатат трампата.