Дома Фудбал Барса со најтежок распоред од сите полуфиналисти:Каталонците ги чека пекол!

Барса со најтежок распоред од сите полуфиналисти:Каталонците ги чека пекол!

Оваа година полуфиналисти на Лигата на шампиони се – Арсенал и Пари Сен Жермен, односно Барселона и Интер. 

Полуфиналните натпревари се играат на 29 и 30 април, односно 6 и 7 мај, што значи дека сите учесници ги очекува интензивен распоред во претстојниот период. Сепак, Барселона има убедливо најтежок распоред, бидејќи за само 15 дена ќе игра двојно натпреварување со Реал Мадрид и двојно натпреварување со Интер! 

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Барса прво ќе се соочи со Реал во финалето на Кралскиот куп на 26 април, а само четири дена подоцна го дочекува Интер во првиот натпревар. Потоа следи единствениот полесен натпревар, гостување кај Ваљадолид, а потоа нови два натпревари – реванш со Интер и ново, лигашко „Ел класико“ на 11 мај на „Монжуик“. 

Кога ги гледаме останатите учесници во полуфиналето, на Пари Сен Жермен и Арсенал им е најлесно, бидејќи можат само да се фокусираат на Лигата на шампионите. ПСЖ веќе ја освои Лига 1, Арсенал не може да ја освои Премиер лигата, а е исфрлен и од ФА купот и целата концентрација е на полуфиналето на ЛШ.

Интер е најблизок до Барселона поради тоа што сè уште се бори за Скудето, но и за финале на Купот на Италија. 

Интер игра реванш полуфинале на Купот на Италија со Милан на 23 април, потоа го дочекува Рома во Серија А, а меѓу двојниот натпревар со Барса го дочекува Верона и по дуелите со Каталонците гостува на Торино. 

Интер по бројот на натпревари се споредува со Барселона, но јасно е дека на хартија сепак е полесно да се игра со Рома и Верона дома, отколку двојниот натпревар со Реал Мадрид во тој густ распоред.

Термините за полуфиналето на Лигата на шампиони се:

29 април: Арсенал – ПСЖ
30 април: Барселона – Интер

6 мај: Интер – Барселона
7 мај: ПСЖ – Арсенал

Фото: Barcelona FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…