
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Брадли Баркола, и ветеранот Лука Модриќ, кој пред неколку дена го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид, се фудбалерите кои имаат одиграно најмногу натпревари сезонава, која заврши со вчерашното финале на Светското Клупско Првенство.
Двајцата имаат на своите сметки по вкупно 73 натпревари во сите натпреварувања, вклучително и за националните тимови. Нема друг играч од петте големи топ лиги во Европа кој има одиграно толку голем број натпревари.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Кога станува збор за минути на теренот, Баркола сепак е далеку зад своите соиграчи во ПСЖ кои се први избор. 22-годишниот фудбалер има цели 23 натпревари како резерва, а во поголем број од натпреварите кои ги започнал, бил заменуван. Причината е што во ПСЖ често е ротирано или со Дезире Дуе, или со Хвиџа Кварацхелиа. Така, Баркола има “само” 4336 минути во сите натпревари. За споредба, Ашраф Хакими има 5216 минути при одиграни 62 натпревари за ПСЖ и Мароко.
Лука Модриќ, кој денес официјално ќе стане играч на Милан, има дури и помалку минути, што е логично со оглед на фактот дека за помалку од два месеца ќе наполни 40 години. Хрватот има 3777 минути.