Дома Фудбал Барди се сели во нов клуб!

Барди се сели во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди стави точка на својата авантура во турскиот Бодрум. Фудбалерот преку емотивна порака на социјалните мрежи потврди дека го напушта клубот, при што упати искрена благодарност до сите што беа дел од неговиот пат во изминатиот период.

Драго семејство на Бодрум, Искрено ви благодарам на сите за вашата посветеност и безусловна поддршка во овој тежок период – секогаш бевте покрај мене. Можеби не ја остваривме нашата цел, но сигурен сум дека се боревме до самиот крај, не се предадовме, пораснавме и научивме многу. Му благодарам на нашиот претседател, на техничкиот тим и на целиот клупски персонал за прекрасните моменти што ги поминавме заедно. Секогаш ќе бидете во моето срце.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Барди зад себе има богата меѓународна кариера. Пред ангажманот во Бодрум, играше за Трабзонспор во Турција, шпански Леванте, унгарски Ујпешт, дански Брондби и за Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…