Дома Фудбал Барди пред враќање во Шпанија и тоа во – клубот на Роналдо!

Барди пред враќање во Шпанија и тоа во – клубот на Роналдо!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално се раздели со Трабзонспор и е во потрага по нова средина.

Од Шпанија се појавија информации дека тој може да се врати во Ла Лига. Заинтересиран за потпис со Барди е клубот на легендарниот бразилски Роналдо, Реал Ваљадолид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според најавите, Ваљадолид му понудил договор на Барди и се очекува да влезат во преговори за потенцијален потпис. Барди има искуство во Ла Лига бидејќи со успех ги бранеше боите на Леванте.

Сепак, во последните сезони кариерата му одеше во надолна линија од различни причини и недоразбирања со тренерите во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…