Дома Фудбал Баерн не мора да го купи Џексон, Челси прифати невозможна мисија?!

Баерн не мора да го купи Џексон, Челси прифати невозможна мисија?!

Ќе биде речиси невозможно откупот на Николас Џексон да стане обврска.

Денес конечно испливаа сите детали од договорот помеѓу Баерн Минхен и Челси. Досега се знаеше дека Баерн за едногодишна позајмица платил дури 16.500.000 евра, и дека во случај на одредени одиграни минути и натпревари, ќе мора да го откупи Џексон за дополнителни 65.000.000 евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, тоа ќе биде речиси невозможно. Сигурни извори денес открија дека услов за Баерн обврзно да го активира откупот е Џексон да одигра 40 натпревари, без да се вклучуваат натпреварите од Купот на Германија.

Како што веќе се одиграа две кола во Бундеслигата, остануваат уште 32 натпревари на кои Џексон може да запише минути, додека максималниот број во Лигата на шампионите е 17, под услов Баерн да стигне до финалето, а претходно да биде во плеј-офот, од 9-то до 24-то место. Доколку Баерн биде меѓу првите осум во лигашката фаза, тогаш максималниот број натпревари во ЛШ е 15, односно до крајот на сезоната со Бундеслигата – 47.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на македонски клуб од Австралија меѓу жртвите во пукањето во Сиднеј

Македонскиот тим од Австралија, Рокдејл Илинден, со длабока тага ја информираше јавноста д…