Дома Фудбал Баерн Минхен остана без Нојер за следниот меч во Бундеслигата

Баерн Минхен остана без Нојер за следниот меч во Бундеслигата

Голманот на Баерн, Мануел Нојер, ќе го пропушти натпреварот од 15. коло на Бундеслигата против Хајденхајм поради повреда на мускулот на бутот, соопшти фудбалскиот клуб од Минхен.

Нојер се повреди во недела на натпреварот од 14. коло на Бундеслигата против Мајнц (2:2).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во соопштението на шампионот на Германија се наведува дека по денешните лекарски прегледи е утврдено дека Нојер има повреда на мускулот на бутот, поради што ќе го пропушти последниот натпревар оваа година против Хајденхајм, кој е на програмата на 21 декември.

Баерн не прецизираше колку долго ќе отсуствува искусниот голман од терените, но германските медиуми тврдат дека Нојер ќе биде подготвен за дуелот од 16. коло на Бундеслигата со Волфсбург, кој е на програмата на 11 јануари идната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Грилиш: Крај на неговиот сон за Мундијалот во САД!?

Фудбалерот на Манчестер Сити, кој е на позајмица во Евертон, Џек Грилиш, веројатно ќе мора…