Дома Фудбал Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант беше поттикнат од растечкиот интерес на јавноста за натпреварите на женскиот тим. Додека првиот тим ги игра своите натпревари на Алијанц Арена од 2007 година со капацитет од 75 илјади гледачи, помладите селекции и женскиот тим го користат клубскиот кампус изграден во 2017 година.

Сепак, капацитетот на тој стадион од само 2500 места се покажа како недоволен поради порастот на популарноста и сè поголемиот број на навивачи на натпреварите на женскиот тим на Баерн.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Затоа клубот најде ново решение во Хахингер Спорт Парк, стадион со капацитет од 15 илјади гледачи, каде што игра натпреварите во домашната лига тимот од пониска лига, Унтерхахинг. Извршниот директор на Бајерн, Јан-Кристијан Дрисен, ја нагласи важноста на оваа аквизиција.

„Купувањето на стадионот е уште една пресвртница во развојот на нашиот женски тим. Новиот спортски дом ќе ги задоволи барањата на УЕФА и ќе одговори на растечката побарувачка на гледачи”, изјави Дрисен.

По планираната реновација и инфраструктурните прилагодувања, се очекува женскиот тим на Бајерн од сезоната 2026/2027 да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите на новиот стадион. Планот е со текот на времето целиот натпреварувачки и тренажен погон да се пресели таму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски прави неочекуван потег во својата кариера, речиси никој не го очекуваше ова

Веста која одекна во фудбалскиот свет доаѓа од Соединетите Американски Држави, каде што Чи…