Дома Фудбал Баерн ги израдува навивачите: Мусиала потпиша – познати и деталите од договорот!

Баерн ги израдува навивачите: Мусиала потпиша – познати и деталите од договорот!

Баерн Минхен официјално го врза Јамал Мусиала со нов долгорочен договор.

Баварците денеска објавија дека 21-годишниот германски репрезентативец го продолжил својот договор од 2026 до 2030 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според Билд, Мусиала ќе заработува околу 25 милиони евра годишно, а неговиот договор вклучува клаузула за ослободување во вредност од 175 милиони евра.

„Каков прекрасен предвремен подарок за 125-годишнината на клубот и фановите. Луѓето доаѓаат на стадионот за играчи како Џамал Мусиала. Тој е навистина извонреден играч“, рече претседателот на ФК Бајерн, Херберт Хајнер.

„Понекогаш ви се чини дека законите на гравитација не важат за него. Зборувам за нашиот спортски менаџмент и бордот. Денес е многу добар ден за ФК Баерн.“

Мусиала, кој се приклучи на Баеерн од академијата на Челси во 2019, коментираше:

„Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Ги направив моите први чекори во професионалниот фудбал тука и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со овој клуб во следните години.

„Се чувствувам како дома и во Минхен и во клубот со нашите одлични фанови. Имаме многу работи што сакаме да ги постигнеме. Возбуден сум за сè што следува.“

Младиот играч постигна 58 голови и даде 38 асистенции во 193 настапи за Баварците.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Арсенал сака четворица фудбалери од ист клуб и ќе понуди 376 милиони евра!

Навивачите на Арсенал ги очекува необично интересно лето, бидејќи раководството на клубот …