Дома Фудбал Баер Леверкузен ќе се „распадне“, но ќе заработи 350 милиони евра

Баер Леверкузен ќе се „распадне“, но ќе заработи 350 милиони евра

Баер Леверкузен не успеа да направи сензација втора година по ред. По освојувањето на Бундеслигата минатата година и туркањето на Баерн од врвот по долга доминација, овојпат ќе мора да се задоволат со второто место и директниот пласман во групите на Лигата на шампионите.

Екипата на Чаби Алонсо себеси ја претстави како сила што го освои фудбалскиот свет и рушеше рекорди во краток временски период./p>


Иако по освојувањето на Бундеслигата успеаја да ги задржат своите клучни играчи, сега е јасно дека тимот ќе се распадне летово. За почеток, Алонсо нема да остане тренер на „фармацевтите“, туку ќе го наследи Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Најдобриот играч на тимот, Флоријан Вирц, веќе некое време е во фокусот на најголемите светски клубови, а фаворити за неговиот потпис кој би можел да вреди над сто милиони евра се Бајерн и Манчестер Сити. Во одбранбените редови, Јонатан Тах веќе има договор со Бајерн.

Десниот бек Жереми Фримпонг би можел да го засили Ливерпул за околу 35 милиони евра, додека левиот бек Алехандро Грималдо е цел на Барселона. Капетанот Гранит Џака би можел да премине во Галатасарај. Првиот стрелец на тимот, Патрик Шик, е вклучен во муабети со неколку англиски клубови и најверојатно нема да сака да игра во тим кој продава клучни членови.

Со тоа, Леверкузен би можел да остане без тренер и шест од своите најдобри играчи, а германските медиуми шпекулираат дека може да заработат околу 350 милиони евра.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Манчестер јунајтед сезонава не успеал да врзе две победи!

Завршувањето на оваа кошмарна сезона за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата носи оставена…