Дома Фудбал Баер е блиску до продолжување на договорот на големата ѕвезда

Баер е блиску до продолжување на договорот на големата ѕвезда

Раководството на Бајер Леверкузен е навистина блиску до продолжување на договорот на Флоријан Вирц со најмалку една дополнителна година, но новиот договор ќе вклучува ослободувачка клаузула за летото 2026 година, информира популарниот германски новинар Флоријан Плетенберг.

Шефовите на “аспиринотите” очекуваат одговор од плејмејкерот во следните денови, но веруваат дека двете страни ќе успеат да постигнат договор за останување на играчот на „БајАрена“ барем уште една година. Сегашниот договор на играчот е до летото 2027 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец е едно од најобсужуваните имиња во европскиот фудбал во последните две сезони, а се смета дека сериозен интерес за него пројавуваат и Бајерн (Минхен) и Манчестер Сити. При евентуална понуда во претстојното лето, Бајер размислува да побара меѓу 120 и 130 милиони евра плус бонуси за својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал е уморен од однесувањето на Винисиус

ВИНИСИУС ЖУНИОР (24) преговара со Реал за продолжување на договорот. Бразилскиот крилен на…