Микел Артета не го криеше задоволството по минималната, но голема победа на Арсенал над Манчестер Сити во Премиер лигата.
„Одлично е чувството, се чувствувавме како да не сме ги победиле со години, а сега славевме против, според мене, несомнено најдобриот тим во светот. И го направивме тоа на одличен начин. Имаше моменти кога се мачевме, но и оние кога покажавме одлучност, желба и верба во победата“, рече Артета, па додаде:
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не знам дали имаше ментална бариера, но очигледно моравме да ја надминеме. За да ги победиме, моравме прво да загубиме, и тоа на два различни начини. На „Етихад“ бевме подобри во првото полувреме, а потоа прими гол по грешкa на Томијасу… Сега покажавме зрелост, а тоа доаѓа со искуство“.
Арсенал сега го прескокна Сити на табелата. „Топчиите“ се на второто место со 20 бодови, што е исто со лидерот Тотенхем, додека Сити е трет со 18.
„Пред се, оваа победа испраќа порака до мојот тим, да продолжи да верува во тоа што го работиме. Ова е фантастична група играчи – трудот што го вложија, меѓусебното разбирање, хемијата…“.
На прашањето каква беше атмосферата во соблекувалната по победата, Шпанецот oдговори:
„Сите играа и беа многу среќни, ги чека репрезентативни натпревари и пауза, тогаш расположението е подобро – тоа значи дека пред натпреварот со Челзи ќе бидеме во вистински дух и дека тој дуел ќе го дочекаме со вистинска емоција. Навистина сум среќен“.
Следниот меч на Арсенал ќе го има против Челзи на 21 октомври, додека „граѓаните“ истиот ден ќе го пречекаат Брајтон.