Дома Фудбал Aнчелоти самокритичен: Ако ги менував сите што се лоши, требаше и самиот себе да се заменам

Aнчелоти самокритичен: Ако ги менував сите што се лоши, требаше и самиот себе да се заменам

Карло Анчелоти беше самокритичен по натпреварот помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид кој заврши без победник 1:1.

Анчелоти не го криеше разочарувањето се критикуваше и самиот себе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Бевме лоши. Игравме без интезитет и во грч. Место да играме пресинг, бевме преспори кога топката не беше во наш посед. Имавме премногу алиби додавање и премалку вертикални. Ја преземам вината за тоа како и за грешката при составувањето на првите 11.

Патевме и игравме лошо против тим кој е и тоа каков квалитетен и кој немаше што да изгуби. Мораме да ги прифатиме свирежите од трибините. Замени? Не правев затоа што сите во стартниот тим беа лоши. Ако менував се што е лошо, прво ќе се заменев самиот себе“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…