Дома Фудбал Италија Aндреа Пирло пред враќање во Јувентус

Aндреа Пирло пред враќање во Јувентус

Медиумите во Италија на големо пишуваат дека Андреа Пирло наредната сезона ќе го води  У-23 тимот на Јувентус.

Познатиот Ди Марцио тврди дека Пирло ја прифатил понудата да започне тренерска кариера во вториот тим на италијаскиот шампион. Легендарниот италијански фудбалер и претходно најавуваше дека планира да започне тренерска кариера и тоа по се изгелда ќе го направи во клубот каде што ги одигра последните години на високо ниво во кариерата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Јувентус го доведе Пирло од Милан во 2011 како слободен играч и тоа беше еден од најдобрите потези во поновата историја на „старата дама“. Пирло стана клучен играч во градењето на тимот на Јувентус кога овој тим ја започнуваше доминацијата во Италија.

Кариерата Пирло ја заврши во Њујорк Сити, а на клупата на У-23 тимот кој се натпреварува во Серија Ц Пирло би го наследил Фабио Пекија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Раниери донел конечна одлука: Рома ќе бара нов тренер!

Тренерот на Рома, 73-годишниот Клаудио Раниери, по неделното реми 1:1 против Јувентус повт…