Лука Дончиќ игра неверојатно во дресот на Далас Маверикс сезонава, па навивачите се воодушевени од неговите настапи.
Словенецот покажа зошто е дел од најсилната лига во светот, а синоќа успеа да постигне 34 поени во поразот од Бостон Селтикс (106-116).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ниту коментаторите на телевизиските преноси не штедеа комплименти на метка на Дончиќ, а една станица која е наклонета кон Бостон крена голема „прашина“ поради шега за младиот кошаркар.
Во преносот можеше да се слушне како еден од коментаторите кажа дека Дончиќ се забавува на паркетот, поради што следеа зборови кои не им се допаднаа на неговите фанови.
„Дончиќ доаѓа од Словенија, мора да го испратиме веднаш назад. Купете му карта во еден правец“, дофрли другиот коментатор.
Ya know, for as much negativity that the fans of Boston get, maybe making a “joke” about deporting an opposing player isn’t the best idea? pic.twitter.com/OtAaRomUe0
— Today in Mavs Facebook (@Mavs_Facebook) November 12, 2019