Бразилскиот фудбалер Дани Алвес се врати во Барселона за да помогне на тимот и играше за ниска плата, но сепак неговата втора епизода на „Ноу Камп“ траеше само неколку месеци.
Барселона одлучи да не му го продолжи договорот на Бразилецот. Во новата сезона Алвес нема да биде дел од Барселона, а во последното интервју кое го даде за „Гардијан“ Алвес не криеше дека бил разочаран од начинот на кој си замина од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не си заминав тажен, си заминав среќен затоа што се вратив тука. Пет години сонував да доживеам втора етапа во Барселона. Единственото нешто што не ми се допадна беше начинот на кој си заминав. Од првиот ден кога дојдов порачав дека не сум дете од 20 години и дека сакам работите да се кажуваат в лице, без нешто да се крие.
Овој клуб греши во последните години и не се грижи за луѓето кои пишуваа историја. Ќе беше подобро работите да се заврше а на друг начин. Како и да е вечно ќе биде благодарен на Чави и претседателот што ми дадоа шанса да се вратам“, изјави Бразилецот.