Tренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран од односот на играчите на гостувањето кај Спција, натпревар кој Милан го изгуби со 2:0.
Со тој пораз Милан го изгуби и лидерското место на табелата, сега лидер е нивниот градски ривал, Интер. Веќе наредниот викенд градските ривали ќе играат меѓу себе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Милан ќе го игра натпреварот со Звезда во Лигата на Европа.
Денес „Кориере дело Спорт“ објави дека Стефано Пиоли повикал итен состанок пред овие два натпревари. На состанокот во главно фудбалерите биле предупредени дека смее да им се повтори пристапот на еден натпревар каков што имаа против Специја.
Проблемот во Милан изгледа бил психолошки, а Пиоли сака да реагира и да спречи тој да направи поголеми проблеми.