Дома Фудбал Останато Aзар искрен: Животот е краток, диетата не беше за мене – сакав да јадам и пијам со друштво!

Aзар искрен: Животот е краток, диетата не беше за мене – сакав да јадам и пијам со друштво!

Многумина ќе кажат дека Еден Азар можеше да направи многу повеќе во кариерата, но Белгиецот кажа крај на само 32 години.

Реал Мадрид за неговите услуги плати 120 милиони евра на Челзи, меѓутоа во Мадрид никогаш не ги исполни очекувањата. Знаеше Азар да се појави по одредена пауза и со вишок килограми, а сега признава дека водел живот кој не е баш најдобар за еден професионален фудбалер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Едноставно јас сум човек што не може толку да внимава како се храни. Не можам како други така да живеам 16 години, а кога не внимаваш на исхраната не можеш и да очекуваш да си на врвно ниво долго време.

Тогаш мислев дека тоа не е важно, хедониста сум и сакам да јадам и пијам со друштво. Диетата не беше за мене, краток е животот, знаев дека не сум од оние кои ќе се жртвуваат и дека порано ќе се пензионирам. Во мојот дом секогаш имав алкохол и храна која не треба да ја има еден фудбалер, но таков сум и не се срамам“, изјави Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …