
Атлетико Мадрид испрати понуда за играчот на Баерн (Минхен) Леон Горецка, соопштуваат шпанските и германските медиуми. Како што е познато, договорот на играчот од средниот ред истекува на крајот на сезоната и очигледно нема да биде обновен.
Поради оваа причина Шпанците ја испратиле скромната понуда од само 2-3 милиони евра за германскиот репрезентативец. Но поважно од сето ова е дека тие се подготвени уште сега да ја плаќаат значителната плата на Горецка, која до средината на јуни изнесува скоро 8.5 милиони евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Се очекува Баерн во наредните часови да даде одговор на понудата. Самиот играч нема ништо против да премине во Атлетико Мадрид.
Горецка е дел од Баерн од 2018 година по трансферот од Шалке 04, но очигледно нема иднина во баварскиот гигант, а Милан исто така е заинтересиран за него. Атлетико, пак, има потреба од засилување во средниот ред по заминувањето на Конор Галагер во Тотенхем.