Дома Фудбал Асистенцијата на Куртоа против Сити за него беше втора сезонава – двете можат да бидат помеѓу најдобрите потези! (Видео)

Асистенцијата на Куртоа против Сити за него беше втора сезонава – двете можат да бидат помеѓу најдобрите потези! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Манчестер Сити синоќа со резултат 3:0, благодарение на хет-трикот на Федерико Валверде, а одлична вечер имаше и Тибо Куртоа.

Со неколку извонредни одбрани, од кои особено се истакнува онаа од 75-та минута кога го одбрани ударот на Нис О’Рејли од близина, Куртоа запиша и асистенција за првиот гол на Реал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Белгиецот на спектакуларен начин го најде Валверде од својот шеснаесетник, а Уругваецот рутински го совлада Џанлуиџи Донарума.

Она што е особено интересно е дека ова беше втора асистенција на Куртоа сезонава во Лигата на шампионите.

Куртоа асистираше и во натпреварот од лигашката фаза против Кајрат кога од својот шеснаесетник го пронајде Килијан Мбапе за вториот гол на Реал, во победата од 5:0 на гости кај Кајрат.

Двете асистенции се навистина извонредни и заслужуваат да се најдат меѓу најдобрите потези оваа сезона во елитното европско клупско фудбалско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп ги одби Ливерпул и Реал Мадрид, и тоа сè поради работа од соништата

Изненадувачки вести пристигнуваат од Германија и се однесуваат на одличниот тренер Јирген …