Дома Фудбал АС: Разочарување во Мадрид

АС: Разочарување во Мадрид

Тежок удар за Реал Мадрид и Атлетико. Двата мадридски клуба ќе мораат да играат плејоф за влез во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако беа поразени во последното коло, Реал од Бенфика, а Атлетико од Бодо/Глимт. Тоа претставува големо разочарување за двата тима, бидејќи имаа целосна контрола врз својата судбина и директниот пласман им беше на дофат. На Реал му требаше само бод, додека Атлетико ќе беше многу блиску до целта со победа, објавува АС.

Можни противници на мадридските клубови

Реал Мадрид во плејофот може да се спротивстави на норвешкиот Бодо/Глимт или повторно на Бенфика, а реванш дуелот ќе се игра на Сантјаго Бернабеу. Атлетико Мадрид, од друга страна, ќе треба да се натпреварува против Галатасарај или Клуб Бриж, а одлуката ќе биде донесена на стадионот Метрополитано во Мадрид. Извлекувањето на паровите ќе се одржи во петок во 12 часот во Нион.

Барселона директно во осминафинале

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За разлика од нив, Барселона имаше повеќе среќа и успеа да се пласира директно меѓу осумте најдобри тима како петтопласирана. Ова ѝ обезбеди реванш натпреварите од нокаут-фазата да ги игра на домашен терен до четвртфиналето. Исто така, на овој начин успеа да го избегне Челзи, кој заврши како шестти, сѐ до можниот финален натпревар.

Покрај Барселона, директен пласман во осминафиналето обезбедија и Арсенал, кој натпреварувањето го заврши со максимален број бодови, како и Бајерн, Ливерпул, Тотенхем, Челзи, Спортинг Лисабон и Манчестер Сити. Ова значи дека дури пет англиски клуба влегоа директно во осминафиналето.

Атлетик Билбао беше елиминиран од натпреварувањето после поразот од Спортинг, а од Европа се прости и Виљареал, чија судбина беше позната уште пред последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како изгледа костурот за нокаут фазата во ЛШ, ждрепката е утре (Фото)

Синоќа заврши лигашката фаза на Лига на шампиони, со што станаа познати сите екипи што ќе …