
Трансферот на Арсенал не успеа. Така барем тврдат бројни странски медиуми, а на крајот го потврди и специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.
Во моментов, „Топџиите“ се во центарот на вниманието на сите светски весници, а причината се купувањата и продажбите кои се планираат, но и кои се во тек.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Топџиите“ ги договорија сите лични услови со Нони Мадуеке, како и со Виктор Ѓокереш, но тоа не се единствените трансфери на кои работат Андреа Берта и неговиот тим.
Арсенал сака летово да го доведе Мадуеке, бидејќи го гледаат како совршен играч кој може да игра и на левото и на десното крило и така да создаде дополнителна конкуренција на овие позиции.
Покрај тоа, се е договорено и со напаѓачот кој долго го бараа, а тоа е секако Ѓокереш и се чека само да се финализира сè со Спортинг.
Освен овие двајца играчи, Арсенал го сака и Еберечи Езе, а голем интерес е покажан и за фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго.
Иднината на Родриго ќе се одлучи откако Реал Мадрид ќе го заврши својот настап на Светското клупско првенство.
Фото: Принтскрин