Дома Фудбал Артета се расфрла со пари: Арсенал купи засилување од Челси за 52 милиони фунти

Артета се расфрла со пари: Арсенал купи засилување од Челси за 52 милиони фунти

**

Синоќа после полноќ реномираниот спортски новинар – Фабрицио Романо потврди голем трансфер во режија на два лондонски ривала.

Летниот преоден период се повеќе се разгорува, а како што обично е случај, една од најинтересните лиги во овој поглед е англиската Премиер лига.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Арсенал минатата сезона уште еднаш остана без трофеј и ова лето сериозно ќе се засилува за да ги „нападне“ титулите во англиското првенство наредната сезона.

По Кепа Аризабалага, завршија уште еден трансфер од редовите на лутиот лондонски ривал – Челси.

Овој пат се работи за крилниот напаѓач – Нони Мадуеке, кој од Челси ќе се пресели во Арсенал.

„Топчиите“ мораа длабоко да заберат во својот џеб и да издвојат околу 52 милиони фунти за трансферот на Англичанецот во нивните редови.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков потег: Винисиус Жуниор ја повлече „рачната“ и му сврте грб на Реал Мадрид

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор реши да ги стопира сите преговори со Реал Мадрид околу …