
Артета потроши многу пари минатото лето, донесе играчи како Ѓокерес и Езе, а се’ уште се чека првиот зимски трансфер.
Во сенка на сето ова, Англичаните тврдат дека Арсенал веќе работи на доведување на спектакуларно засилување следното лето.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, Арсенал наводно веќе почнал преговори со Атлетико Мадрид околу доведување на Хулијан Алварез.
Атлетико Мадрид, според пишувањето на talkSPORT, е подготвен да го продаде поранешниот играч на Манчестер Сити за 100 милиони евра.
Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, има многу блиски врски со Алварез бидејќи преговараше за неговото доаѓање од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.
Барселона исто така е заинтересирана за овој фудбалер, но Арсенал се наводно фаворити за завршување на овој трансфер.
Тој има нешто повеќе од четири години договор со Атлетико Мадрид и не е чудно што бараат 100 милиони евра за неговите услуги.