Дома Фудбал Артета е опседнат со напаѓач од 150 милиони евра – ќе направи сѐ за да го донесе во Арсенал

Артета е опседнат со напаѓач од 150 милиони евра – ќе направи сѐ за да го донесе во Арсенал

Микел Артета ќе се соочи со големи проблеми до крајот на сезоната бидејќи има само тројца здрави играчи како опции во нападот.

Откако се повреди и Каи Хаверц, Артета остана само на Тросар, Нванери и на Стерлинг, па јасно е дека Топчиите ќе имаат многу проблеми.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Артета го скрати изборот за напаѓач на само две имиња, а конкретни потези ќе се направат наредното лето, тврди Фабрицио Романо.

Романо на својот Јутјуб канал откри дека Артета е опседнат со доведување вистинска „деветка“, а главен кандидат за таа позиција е Александер Исак.

Сепак, Исак не е единствената опција за Артета, бидејќи Шпанецот е подготвен и на одбивање од Њукасл.

Потоа беше откриено и името на замената за Исак, а тоа е напаѓачот на Лајпциг, Словенецот Бенџамин Шешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

Целосно е комплетиран четвртфиналниот костур од Лига Европа. Откако во претходните натпрев…