Дома Фудбал Арсенал официјално го објави новиот спортски директор

Арсенал официјално го објави новиот спортски директор

Арсенал официјално го објави назначувањето на Андреа Берта за нов спортски директор на клубот. Поранешниот шеф на Атлетико Мадрид доаѓа на местото на Еду Гаспар, кој изненадувачки реши да замине во ноември минатата година. 53-годишниот Италијанец уште на самиот почеток ќе има доста работа, бидејќи се очекува сериозна активност на лондончани на трансфер-пазарот.

Сигурно најголемиот приоритет е привлекувањето на квалитетен нов централен напаѓач.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Берта има огромна репутација, бидејќи на негова заслуга е привлекувањето на играчи како Антоан Гризман, Јан Облак и Родри, кои подоцна станаа големи ѕвезди.

Италијанецот работеше во Атлетико 12 години. Ја напушти „јорганџиите“ во јануари.

„Возбуден сум што се приклучувам на Арсенал во еден исклучително возбудлив период за клубот. Со голем интерес ја следев работата и развојот на Арсенал во изминативе години и ја почитувам напорната работа што беше вложена за обновувањето на клубот како значајна сила во европскиот фудбал со страствени приврзаници низ целиот свет. Клубот има одлични вредности и богата историја и со нетрпение очекувам да ја забележам својата улога во обликувањето на успешна иднина со одличен тим. Не можам да дочекам да започнам во мојата нова улога и навистина со нетрпение очекувам да го доживеам мојот прв натпревар на „Емиратс Стадиум“ заедно со нашите навивачи“, изјави Берта за веб-страницата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлвес пред неколку дена излезе од затвор, а сега доби уште една одлична вест!

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес пред три дена беше ослободен од обвиненијата за…