
Фудбалскиот клуб Арсенал ова лето заврши одлична работа, а денес и официјално ќе го претстави Кристијан Москера.
Шпанскиот штопер веќе е во Сингапур, на азиската турнеја, но неговиот трансфер поради документацијата ќе биде официјално потврден само денес.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Арсенал за извонредниот штопер на Валенсија ќе плати пакет од 20.000.000 евра, во кој се вклучени и бонуси, и Москера ќе биде потпора на тандемот Салиба-Габриел, заедно со Јакуб Кивиор, а по потреба и Рикардо Калафјори.
Пред Москера, во Арсенал пристигнаа Мартин Зубименди, Нони Мадуеке, Кристијан Норгар, Кепа Аризабалага, а наскоро ќе биде официјализиран и трансферот на Виктор Ѓокереш.
Се шпекулира дека после Москера и Ѓокереш, Артета сака уште едно, седмо засилување, со кое би го затворил преодниот рок, а тоа е – Еберечи Езе.
Тој веќе соопштил на Кристал Палас дека лесно ќе договори лични услови и дека сака клубовите да преговараат, но засега единствена опција е клаузулата која изнесува 70.000.000 евра.
Фото: Принтскрин