Дома Фудбал Aрсенал и Тотенхем ќе играат пријателски натпревар во Хонг Конг

Aрсенал и Тотенхем ќе играат пријателски натпревар во Хонг Конг

Фудбалерите на Арсенал и Тотенхем на 31 јули ќе одиграат пријателска средба во Хонг Конг.

Според соопштението на Арсенал, натпреварот ќе се одигра во 19.30 часот по локално време на стадионот Кај Так, кој има капацитет од 50.000 места.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Арсенал истакна дека ќе биде првпат по 2012 година лондонскиот клуб да игра натпревар во Хонг Конг.

„Сите во Арсенал сме возбудени што во јули ќе го посетиме Хонг Конг. Прекрасно е да се игра во Хонг Конг по 13 години. Оваа средба ќе ни даде можност повторно да се сретнеме со нашите навивачи од тој регион. Натпреварот против Тотенхем ќе биде одлично искуство за двата тима и навивачите, како и многу важен дел од нашите подготовки за следната сезона“, изјави генералниот директор на Арсенал, Ричард Гарлик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…