Дома Фудбал Aрсенал го претстави новото засилување од 12 милиони фунти – потпиша необично краток договор!

Aрсенал го претстави новото засилување од 12 милиони фунти – потпиша необично краток договор!

Сега веќе поранешниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норогард, е најновото засилување за Арсенал, како што објавија двете лондонски екипи.

Асенал го потврди трансферот на играчот од средниот ред на Брентфорд и репрезентацијата на Данска, вреден 12 милиони фунти, а фудбалерот потпишал соработка на две години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со овој потег, Топџиите дополнително ja засилија средната линија, а Норгард потпиша договор на две години.

Клубот од северен Лондон преговараше со Брентфорд неколку недели и договорија трансфер со вредност од околу 10 милиони фунти, со дополнителни 2 милиони фунти во бонуси.

Поранешниот капитен на Брентфорд ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата последен играч за врска, каде што Арсенал веќе го донесе Мартин Зубименди. Овие потези следуваат откако си заминаа Томас Парти и Жоржињо, тандемот кое минатата сезона настапуваше пред одбраната.

Во конкуренција за местата во средниот ред се уште и капитенот на Арсенал, Мартин Едегор, Деклан Рајс, Микел Мерино и Фабио Виеира, а таму може да заиграат и офанзивците Кај Хаверц и Итан Нванери.

Поранешниот голман на Челси, Кепа Аризабалага, исто така, се приклучи на тимот на Микел Артета, а во тек се преговори за потенцијалните трансфери на напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, и на крилото на Челси, Нони Мадуеке.

Норогард пристигна во Брентфорд во 2019 година и одигра клучна улога под водство на поранешниот тренер Томас Франк во напредокот на клубот во Премиер лигата.

Триесет и една годишникот во сезоната 2024/25 одигра 34 лигашки натпревари, постигнувајќи пет голови и забележувајќи четири асистенции.

Од Брентфорд веќе заминаа тренерот Томас Франк (Тотенхем), голманот Марк Флекен (Бајер Леверкузен), а се очекува клубот да го напушти и најдобриот играч Брајан Ембемо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…