Дома Фудбал Арсенал ја изгуби „војната“: Манчестер јунајтед ангажира два големи таленти

Арсенал ја изгуби „војната“: Манчестер јунајтед ангажира два големи таленти

Манчестер Јунајтед два пати го победи Арсенал оваа недела бидејќи успеа да договори ангажман на два големи таленти.

Рубен Аморим даде согласност за двоен трансфер додека се обидува да ги ангажира своите први засилувања како менаџер на Јунајтед.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Претходно оваа недела, Емануел Зиро, 16-годишен талент, го комплетираше својот трансфер во Јунајтед, иако постоеше интерес и од Арсенал и Челси.

„Со нетрпение очекувам да продолжам со мојата кариера во дресот на Манчестер Јунајтед и би сакал да им се заблагодарам на сите кои придонесоа за мојот развој до сега“, кажа тој.

Јунајтед не запре тука и ја доби трката и за уште една млада ѕвезда која игра како лев бек, а тоа е Диего Леон, кој има 19 настапи и два гола во првата лига на Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…