Дома Фудбал Арнаутовиќ испиша историја, стана најдобар стрелец на сите времиња во Австрија!

Арнаутовиќ испиша историја, стана најдобар стрелец на сите времиња во Австрија!

Фудбалерите на Австрија синоќа со доминантен резултат од 10:0 го поразија Сан Марино, а овој натпревар засекогаш ќе го помни Марко Арнаутовиќ кој постави нов рекорд за својата репрезентација.

Напаѓачот на Црвена звезда постигна четири гола и се издигна како најдобар стрелец во историјата на Австрија.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Арнаутовиќ ги затресе мрежите на Сан Марино во 8. минута, 47. минута, 83. минута и 84. минута, со што го доведе својот биланс до вкупно 45 голови за репрезентацијата, надминувајќи го претходниот рекордер Тони Полстер, кој од 1982 до 2000 година постигна 44 гола во 95 настапи за Австрија.

Сега, на 36 години, Арнаутовиќ има забележано 128 настапи, а со оглед на неговата сегашна форма, пред него сигурно следуваат уште многу натпревари каде што ќе се обиде да го зголеми рекордот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома мерка големо засилување – го сака промашувањето на Атлетико!

Познатиот италијански фудбалер Џакомо Распадори можеби ќе се врати во Серија А веќе шест м…