Дома Фудбал Аргентинските репрезентативци го убедуваат Енцо Фернандес да го замени Челзи со Атлетико Мадрид

Аргентинските репрезентативци го убедуваат Енцо Фернандес да го замени Челзи со Атлетико Мадрид

Соиграчите на Енцо Фернандес во репрезентацијата на Аргентина – Хулиан Алварез, Родриго де Пол, Анхел Кореа и Науел Молина спровеле сериозна кампања да го убедат играчот од средината на теренот да ја преиспита својата ситуација и да се приклучи на Атлетико Мадрид во текот на летото, пишува “Диарио АС”.

24-годишниот фудбалер се приклучи на тимот од Лондон за 106 милиони фунти пред две години, но неговите настапи беа со променлив успех, иако во тековната сезона се подобри видливо. Тој, меѓутоа, е врзан со тимот од “Стенфорд Бриџ” до летото 2031 година и евентуалното негово заминување од Челси нема да биде лесно, а “сините” би сакале многу сериозна сума за да го пуштат во Мадрид.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Сепак, многу клубови го имаат регистрирано својот интерес за него и со интерес ја следат ситуацијата околу играчот и евентуалната негова желба да ја напушти англиската престолнина. Токму поради ова, петмина соиграчи на Енцо Фернандес во репрезентацијата, кои се играчи на Атлетико, се обиделе заедно и поединечно да влијаат на неговата одлука и да го поттикнат сериозно да ја разгледа можноста да им се приклучи во шпанската престолнина.

Сепак, шпанскиот медиум посочува дека самиот фудбалер засега е задоволен од својот престој во Челси и не размислува за преземање на било какви обврски во однос на својата иднина, но истовремено ги држи своите опции отворени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал размислува за големо име како замена за Анчелоти!?

Реал Мадрид вчера го победи Леганес и остана во трка за шампион на Шпанија. Во Лигата на ш…