
Кими Антонели издоминира во квалификациите за Големата награда на Јапонија, и утре ќе стартува од пол-позиција на трката.
Возачите на Мерцедес повторно беа најбрзи на патеката. Антонели ја освои втората последователна пол-позиција во својата кариера, додека Џорџ Расел ќе се приклучи од втората стартна позиција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Колку е важен првиот стартен ред на Сузука, покажува тоа што во изминатите 30 години победникот започнал од некоја од првите две стартни позиции дури 27 пати.
Последниот што успеа да го измени планот на најбрзите од квалификациите беше Валтери Ботас во 2019 година, кога започна од третата позиција и победи.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела на патеката Сузука и започнува во 7:00 часот утрото.