Дома Фудбал Анри нема дилеми: Овие три екипи се фаворити во Лигата на шампионите!

Анри нема дилеми: Овие три екипи се фаворити во Лигата на шампионите!

По впечатливата победа на Арсенал против Атлетико Мадрид со 4:0, легендарниот француски напаѓач Тиери Анри ги издвои своите три фаворити за освојување на Лигата на шампионите. Изборот му падна на Арсенал, Баерн Минхен и ПСЖ, кој е актуелен европски шампион.

Тимот на тренерот Микел Артета е еден од само трите клуба со максимален учинок по три кола во Лигата на шампионите, а вечерва може да им се придружат и Баерн и Реал Мадрид. Минатата сезона Арсенал беше елиминиран во полуфиналето од ПСЖ, но Анри верува дека оваа година можат да стигнат до врвот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Водителката на емисијата CBS Sports, Кејт Скот, сподели дека Анри го гледа Арсенал како еден од главните фаворити, заедно со Баерн и ПСЖ. “Тиери позитивно говореше за Арсенал и ги постави покрај Баерн и ПСЖ како фаворити за натпреварувањето,” изјави таа и праша за мислењето на стручниот коментатор Џејми Карагер: “Дали се согласуваш, Џејми?”

Карагер, кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, ја потврди оценката. “Арсенал и Баерн се две од најимпресивните екипи што сум ги видел, гледајќи ги нивните настапи и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Претходно сум кажал дека никогаш не сум го сметал Арсенал за клуб што ќе ја освои Лигата на шампионите.”

Знам дека тоа можеби звучи очигледно бидејќи никогаш не ја освоија, но никогаш не беа блиску навистина. Екипата на Тиери Анри во Арсенал беше најдобрата со која сум се соочил во Премиерлигата, а сепак таа екипа не беше доволно блиску до освојување на Лигата на шампионите,” изјави Карагер.

Карагер смета дека денешната екипа на Арсенал е поинаква: “Сега ја гледам оваа екипа и гледам колку е силна во одбраната. Нашата екипа на Ливерпул која ја освои Лигата на шампионите не беше извонредна во нападот, но бевме силни во одбраната. Тоа секогаш ви дава шанса, особено кога доаѓате до нокаут-фазата. Ако сте силни во одбраната, секогаш имате шанса. Го гледам Арсенал како еден од четири или пет тимови кои можат да го освојат ова натпреварување.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам и одбраната го донесоа успехот на Реал Мадрид против Јувентус

Денес беше втората вечер од 3-то коло во Лигата на шампионите и се одиграа нови девет натп…