Дома Фудбал Анри го критикуваше Салах: Јас имав проблеми со Венгер и Гвардиола, но…

Анри го критикуваше Салах: Јас имав проблеми со Венгер и Гвардиола, но…

Главната вест во англискиот фудбал е ситуацијата со Мохамед Салах и Ливерпул. Овој извонреден крилен напаѓач, кој е еден од најзначајните играчи во изминатите десет години, е револтиран што не добива шанса во првиот тим додека Ливерпул минува низ тежок период. По третпат по ред, Салах беше на клупата и јавно изјави пред камерите дека тренерот Арне Слот го “фрлил под автобус”. Во англискиот фудбалски јазик, ова значи да некого учиниш жртвено јагне или да го обвиниш за проблемите.

Изјавата на Салах предизвика големи дебати во Англија. Дел од јавноста стои зад неговата страна, додека другите сметаат дека не требало јавно да реагира. Ливерпул го казни Салах така што го изостави од тимот кој патуваше на натпревар против Интер во Лигата на шампионите, каде што “Црвените” победија со 1:0. Прашањето за ситуацијата со Салах беше доминантна тема и во емисијата Голазо на CBS Sports посветена на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Познатиот француски фудбалер Тиери Анри изјави:

“Јас имав проблеми со Венгер и Гвардиола… Дали некогаш го коментирав тоа јавно? Никогаш! Независно од случувањата во клубот, секогаш го штитиш тимот – своите соиграчи, тренерот, стручниот штаб. Не се изнесуваaт „валканите работи“ во јавност, особено кога клубот се наоѓа под тежок период.”

Ливерпул лошо ја започна сезоната во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите засега се на позиција што води директно во осминафиналето. Тимот на Слот е осми со 12 поени по шест одиграни натпревари. Во Англија се наоѓаат на десеттата позиција. Ливерпул во сабота ќе се соочи со Брајтон во првенството, а Слот рече дека Салах и во овој натпревар нема да биде дел од составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандалозни сцени во Лондон! Џака се караше со навивачите, му повторуваше само четири зборови

Вест Хем после очајните резултати конечно успеа да ги усреќи своите навивачи и денеска дој…