Манчестер Сити продолжи со голема криза со пораз од Јувентус (2:0) во шестото коло на Лигата на шампионите. Во првенството заостанува зад водечкиот Ливерпул, а во Лигата на шампионите е само две кола пред крајот на 22. место, две позиции над линијата за плей-оф за нокаут фаза. Сити во последните десет натпревари победил само еднаш и примил дури 23 гола.
Двата гола што ги прими во Торино се последица на слабата игра во одбраната, вклучувајќи го и Јошко Гвардиол. Него тренерот Пеп Гвардиола, по неколку послаби настапи на левата страна, го врати на позицијата стопер, но тоа не заврши добро за Гвардиол и Сити. Лошо реагираше при двата гола на Јувентус, поради што англиските медиуми го издвојуваат како најлош играч на Сити заедно со голманот Едерсон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Goal“ му даде многу слаба четворка и вака го објасни: “Вратен е на омилената негова позиција стопер, но во клучните моменти не реагираше добро. При првиот гол го надскокна Влаховиќ, а при вториот беше беспомошен во затворањето на стрелецот Мекени.”
„Manchester Evening News“ гонаслови текстот за оценките на играчите на Сити со “Едерсон и Гвардиол прават комични грешки”, и потоа пишува: “Гвардиол лошо ја исчисти топката при првиот гол, а при вториот Мекени беше оставен сам да погоди пред голот.”