
Карло Анчелоти на своето дебитантско селекторско искуство за Бразил оствари нерешен резултат без голови против Еквадор во квалификациите за Светското првенство. Иако ова за многу Бразилци претставува разочарувачки резултат, искусниот тренер изрази задоволство.
Бразил во сите статистички категории беше послаб од Еквадор и на крајот не успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
– Прикажавме солидно ниво на одбрана. Мислам дека тимот покажа добар став и цврст офанзивен притисок. Ова е позитивен резултат и со задоволство се насочуваме кон следниот натпревар – изјави Анчелоти.
Сепак, го истакна лошиот терен..
– Не сакам да барам изговори, но теренот беше лош. Не беше лесно да се игра на таква површина.
Во наредниот натпревар, Бразил ќе го пречека Парагвај на 11 јуни и со победа директно би се пласирал на Светското првенство.
Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FB