Дома Фудбал Анчелоти верува во Бразилецот: Винисиус сака да напредува, никој не е совршен

Анчелоти верува во Бразилецот: Винисиус сака да напредува, никој не е совршен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, денес изјави дека фудбалерот на неговиот тим, Винисиус Жуниор, се обидува да напредува по критиките што ги доби поради црвениот картон за време на натпреварот против Валенсија.

Реал во петокот ја победи Валенсија со 2:1 со голови во финишот, а Винисиус беше исклучен во 79. минута бидејќи го удри во глава голманот на противничкиот тим, Столе Димитријевски од зад грб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според правилата на шпанската лига, бразилскиот фудбалер може да биде суспендиран најмалку четири натпревари. Винисиус се извини за своето однесување преку социјалните мрежи по натпреварот.

Тешко е. Не сум на негово место, но тешко е да се издржи сè што се случува и што се случуваше… навредите… не е лесно. Се обидува да напредува и да го поднесе сето тоа. Тажен е поради црвениот картон, се извини, но мораме да гледаме напред. Тој може повторно да напредува, да, но никој не е совршен. Работи напорно и многу напредувал до тоа што е најдобар играч на светот. Се надеваме дека нема да биде суспендиран ниту еден натпревар“, рече Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…