Дома Фудбал Анчелоти: Тренирав 34 Бразилци, но само со еден имав проблеми

Анчелоти: Тренирав 34 Бразилци, но само со еден имав проблеми

Италијанскиот фудбалски експерт Карло Анчелоти беше претставен како нов селектор на бразилската репрезентација на прес-конференцијата во Рио де Жанеиро пред повеќе од 250 медиумски претставници. Анчелоти ќе дебитира на клупата на Бразил во квалификациските натпревари против Еквадор и Парагвај во јуни. Тој, меѓу другото, одговараше на прашања за бразилските фудбалери кои ги водел во клубовите.

„Најдобриот Бразилец кој сум го водел беше Роналдо. Беше спектакуларен техничар и еден од најзабавните луѓе во светот. Најголемиот професионалец кого сум го водел беше Кафу, а најмногу ме смеат Милитао и Винициус. Би додал за Винициус дека е многу скромен, понизен тип. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Затоа секогаш убаво зборувам за тие играчи. Имам многу добра врска со нив. Веднаш ме повикаа и ми честитаа кога станав селектор. Во кариерата сум тренирал 34 Бразилци и имав проблеми само со еден. Нема да кажам кој беше тоа”, заврши Анчелоти.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на иг…