Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид Карло Анчелоти беше запрашан за можноста да ја преземе Рома.
Клаудио Раниери пристигна во Рим да го „изгасне пожарот“, но не се очекува да остане долго. Тој излезе од пензија за да ѝ помогне на „волчицата“ да ја надмине кризата, што не му оди сосема по план. Формата е променлива и Рома веројатно ќе остане без Европа за следната сезона, особено ако се земе предвид конкуренцијата за високите позиции.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Некој за кого се верува дека би ја вратил Рома на патеките на поранешната слава е Карло Анчелоти, чиешто иднина во Мадрид е неизвесна. Се споменува дека летово ќе го замени Чаби Алонсо, кого Реал сака по секоја цена да го ангажира. Потоа, резултатите не му одат во прилог на европскиот шампион.
“Работа во Рома? Многу сум среќен во Реал Мадрид. Сакам да останам што подолго. Мојот договор? Никогаш не знаеш колку долго ќе останеш… Договорите можат да се раскинат, но исто така и да се продолжат”, изјави за радио “Anch’io Lo Sport”.
Анчелоти осум години помина играјќи во Рома, но никогаш не ги предводеше како тренер.