
Карло Анчелоти, актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, е осуден на едногодишна затворска казна поради непријавени приходи од маркетинг права од времето кога во 2014 година го водеше Реал Мадрид.
Сепак, бидејќи делото не е насилно и Анчелоти досега не бил осудуван, според шпанското законодавство е многу веројатно дека тој нема да мора да одлежи затворска казна.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Најверојатно Анчелоти ќе избегне затвор и ќе мора да ги надомести даноците што ги избегнал да ги плати.
Италијанскиот стручњак моментално ја извршува функцијата селектор на Бразил, со кој обезбеди учество на Светското првенство во 2026 година. Со тоа Бразил си осигура место на сите досегашни светски првенства.