Дома Фудбал Анчелоти подготвил големо изненадување: Во Бразил ќе соработува со некогаш најдобриот фудбалер во светот?!

Анчелоти подготвил големо изненадување: Во Бразил ќе соработува со некогаш најдобриот фудбалер во светот?!

Легендарниот бразилски фудбалер Кака, кој некогаш беше крунисуван за најдобар играч на светот, изјави дека сака да му се приклучи на Карло Анчелоти на клупата на бразилската репрезентација.

Карло Анчелоти ја започнува новата ера на бразилската национална селекција како прв странски тренер во историјата на оваа репрезентација, а покрај него ќе биде и поранешниот миленик Кака, кого го донесе до Златната топка во славните денови на Росонерите.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Анчелоти и Кака се долгогодишни пријатели и нивниот потег предизвика големо изненадување, бидејќи Кака долго време беше надвор од фудбалот и не се занимаваше со тренерски активности по завршувањето на неговата блескава кариера.

“Спремен сум! Ако тимот смета дека можам да помогнам на кој било начин, верувам дека ова е вистинско време да започнам”, потврди Кака во интервју за Caze TV на прашање за неговото евентуално приклучување кон стручниот тим на Бразил.

Кака откри дека по завршувањето на кариерата во 2017 година, посетувал курсеви за спортски бизнис на Харвард и се посветил на образованието. Истовремено, завршил тренерски курс во Фудбалската федерација на Бразил.

Анчелоти треба да ја преземе улогата на кормило на бразилската репрезентација на 26 мај и ќе видиме дали веднаш ќе го претстави Кака како дел од тимот кој треба да го врати Бразил на врвот на светскиот фудбал.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…