Дома Фудбал Анчелоти направи неочекуван потег на три часа пред мечот против Мајорка

Анчелоти направи неочекуван потег на три часа пред мечот против Мајорка

Реал Мадрид вечерва ќе игра против Мајорка во полуфиналето на шпанскиот Супер куп, а пред овој дуел, тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, се одлучи за интересен потег. Го објави составот три часа пред почетокот на натпреварот.

Карло Анчелоти ги изненади сите со одлуката да го објави составот дури три часа пред полуфиналниот натпревар од шпанскиот Супер куп против Мајорка, кој се игра во Саудиска Арабија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанскиот стручњак очигледно смета дека нема што да крие, па го одбра почетниот состав.

Куртоа, Чуамени, Рудигер, Лукас, Менди, Камавинга, Валверде, Белингам, Родриго, Винициус Јр, Мбапе.

Во овој натпревар нема да игра Лука Модриќ. Хрватот не се чувствуваше добро и поради болест ќе го пропушти вечерешниот дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…