Дома Фудбал Анчелоти направи неочекуван потег на три часа пред мечот против Мајорка

Анчелоти направи неочекуван потег на три часа пред мечот против Мајорка

Реал Мадрид вечерва ќе игра против Мајорка во полуфиналето на шпанскиот Супер куп, а пред овој дуел, тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, се одлучи за интересен потег. Го објави составот три часа пред почетокот на натпреварот.

Карло Анчелоти ги изненади сите со одлуката да го објави составот дури три часа пред полуфиналниот натпревар од шпанскиот Супер куп против Мајорка, кој се игра во Саудиска Арабија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанскиот стручњак очигледно смета дека нема што да крие, па го одбра почетниот состав.

Куртоа, Чуамени, Рудигер, Лукас, Менди, Камавинга, Валверде, Белингам, Родриго, Винициус Јр, Мбапе.

Во овој натпревар нема да игра Лука Модриќ. Хрватот не се чувствуваше добро и поради болест ќе го пропушти вечерешниот дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал со ново барање ја стави Барселона во многу непријатна ситуација

Тинејџерската сензација Ламин Јамал наскоро ќе го прослави својот 18-ти роденден, а како п…