Дома Фудбал Анчелоти на заминувањето од Реал Мадрид го „пецна“ Перез?

Анчелоти на заминувањето од Реал Мадрид го „пецна“ Перез?

Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по четири години во својот втор мандат. 

Иако Италијанецот го врати Реал на патеките на старата слава, освојувајќи две Лиги на шампионите и две титули во Ла Лига, по оваа сезона без освоен трофеј, Флорентино Перез одлучи да го отпушти Анчелоти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мадридските медиуми наведуваат дека Перез нема да чека крајот на сезоната, туку дека во текот на оваа недела официјално ќе го објави раскинот со Анчелоти.

По поразот од Барселона, четвртиот оваа сезона, Мадрид ја заостанува дури седум бодови зад најголемиот ривал, па Каталонците можат и математички да станат шампиони во четврток на стадионот на Еспањол. 

По поразот од Барселона Карло Анчелоти повеќепати нагласи дека на неговиот тим му недостасуваа неколку одбранбени играчи, а медиумите го протолкуваа ова и како јасна порака до Флорентино Перез. Се знае дека Анчелоти минатото лето, а и зимово бараше засилување во одбраната, но Флорентино Перез не му ја исполнил таа желба.

„Во ваквите натпревари мораш и да напаѓаш и добро да се браниш, а ние бевме добри само во нападот. Но, не заборавајте дека игравме без пет одбранбени играчи, велам – пет“, рече Анчелоти. 

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…